fbpx
ВестиСовети

Прва „паметна кошница“ која ја следи тежината на медот и го зајакнува пчелниот фонд

Прво вакво решение во светот, кое „LR“ кошницата ја претвора во „паметна кошница“, стигнува од Босна и Херцеговина.

HaBEEtat е прва стартап компанија која создала производ кој овозможува дигитализација на традиционалните кошници. Производот е резултат на Accelerator програмата на организацијата HUB387, со помош на која млади луѓе од Босна и Херцеговина ја развиле оваа уникатна идеја.

Семир Шакановиќ, студент на Универзитетот Бурх (Burch), коосновач и директор на HaBEEtat за Akta.ba, вели дека со еден ваков производ, стандардната „LR“ кошница, се претвора во „паметна кошница“. Така, овој производ станува прво вакво решение во светот, со помош на кое се следи тежината на медот во кошницата, но и се зајакнува пчелниот фонд.

„Развивме модуларна хардверска компонента, која е интегрирана со веб и мобилна софтверска платформа, што на пчеларите им дава најважни информации, за тоа што се случува внатре, во кошницата. HaBEEtat е такво прво техничко решение во светот со помош на кое пчеларите можат да ја следат тежината на медот, произведен на сите 10 рамки, поединечно, вели Шакановиќ.

Состојбата ја следат со помош на веб или мобилна апликација

HaBEEtat исто така, ја следи и мери температурата и влажноста внатре и надвор од кошницата, а се ова може да се види со помош на веб или мобилна апликација. Така, пчеларите не мораат лично да доаѓаат до кошницата за да ја проверат состојбата во неа, туку сето тоа можат да го извршат преку десктопот и мобилната апликација.

Шакановиќ вели дека идејата се родила, поради сознанието дека моментално во светот постои голем проблем, што се однесува на пчелната популација.

„Всушност, во последните 10 години, секоја година 40% од пчелната популација умира. Тоа е многу голем број. Тој не само што влијае на пчеларите и производството на медот, туку и на сите луѓе во светот. Пчелите се многу важни во производството на храната, затоа што сите знаеме дека пчелите ги опрашуваат растенијата и со самото тоа настанува храна, како што е овошјето итн. Поради овој голем светски проблем, дојдовме до идеја, да направиме производ кој би помогнал овој проблем да се намали, но исто така и да им се олесни на пчеларите, нивното одржување на пчелите и производството на мед“, вели Шакановиќ.

Цената на една ваква кошница изнесува околу 249 долари

Како што објаснува Шакановиќ, основната цел на овој производ е како да се спречи изумирање на пчелите, да им се олесни и подобри на пчеларите, одржувањето на пчелните заедници, но и младите да се заинтересираат за пчеларството, затоа што се нуди модерна технологија која младите ја сакаат, а со тоа сакаат да ги привлечат кон пчеларството, тоа да им биде ново хоби.

Целата идеја почнала да се развива пред две години и оттогаш се направиле четири прототипови, кои се тестирале во реални услови на вистински пчелни кошници.

„Моментално имаме производ кој е подготвен да оди на масовно производство. Цената на една ваква кошница изнесува 249 долари и истата може да се нарача на habeetat.io”, вели Шакановиќ.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close