fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Први мај без традиционалните маршеви но со порака дека работничките права се кршат повеќе од било кога

И со маски ќе бидеме гласни, под ова мото синдикатите и граѓанските здруженија го одбележуваат Денот на трудот во услови на корона криза. Годинава наместо класичен марш, заради полицискиот час и забраната за групирање, борците за работнички права со дигитален протест го одбележуваат денот.

 

Работничките права се кршат постојано, вели Димовски, но во моментов најмногу. Државата се уште не излегла со официјален податок за тоа колку работници ја изгубиле работата од стартот на кризата. Неофицијалните бројки одат и до 20.000 луѓе. Главно се отпуштаа сезонци, лица со договори за привремено вработување, лица на определно време. Засега најсигурни се работниците со заснован работен однос на неопределно време.

Во обид да помогне на работодавачите, Владата излезе со мерка за исплата на 14.500 денари по работник. Но, со последната измена се овозможува газдите кои ќе добијат државна помош да можат на отпуштат до 15% од работниците. Ова за синдикатот е неприфатливо и беше повод за двоипол часовен состанок вчера со премиерот Спасовски, вицепремирката Царовска и министерката Ангеловска.

Трудовиот инспекторат досега врати на работа 140 незаконски отпуштени работници. Заради ова првиот синдикалев се сомнева дека дел од работодавачите ја злоупотребуваат кризата за да ги намалат работничките права, па дури и да делат откази без основа. Димовски вели, по кризата за сите неправилности ќе има разврска.

Денот на трудот 1 мај се слави во знак на почит кон жртвите од протестот кој траел од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. Главно барање било 8 часовно работно време, била употребена полициска сила за  задушување на штрајкот на четворица од организаторите биле погубени. 01 нај официјално почнал да се одбележува три години подоцна.

Честитка до работниците, во земјава испратија политичарите и од власта и од опозицијата

Извор:сител

Слични написи

Back to top button
Close