fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Првите берби на краставиците од оранжериите најавуваат огромни проблеми за пласманот на земјоделските производи

Рано градинарите бараат државата да ги заштити домашните производители на краставици од нелојална конкуренција од увозните производи.  Нашата здрава краставица ќе заврши на Дрисла а ќе јадеме краставици од Албанија  прскани многу повеќе пати од нашите

Цената на краставиците кои почнаа да се берат во домашните оранжериски капацитети кои користат греење секојдневно паѓаат. Заради состојбите со корона вирусот отежнат е транспортот и извозот но како што е тоа проблем за домашните земјоделски компании така е проблем и за оние од соседна Албанија кои последниве години ни се сериозно конкуренција и ни ги преземаат сите пазари каде до сега сме извезувале. Проблемот да биде уште поголем сега и Албанија има проблеми со извозот и во обид да се ослободат од вишоците тие почнаа да ги прелеваат на нашиот пазар што предизвика сериозен удар за домашното производство. На стартот на бербите на краставиците во кои има огромни трошоци за греење бидејќи се посадени средината на декември и досега секојдневно се греат огромните стакленици производителите се соочуваат со толку ниски цени што се дури и под производната цена. Моментално тие на трговците килограм краставица им го даваат за 40 денари, но и таа цена секојдневно паѓа а паралелно со тоа има се помал интерес од трговците кои си набавуваат краставица од Албанија по нереални ниски цени бидејќи и тамошните производители се соочуваат со проблематичен пласман на култура која не може многу да стои и да чека па се продава по багателни цени само за да не се прават поголеми загуби. За сметка на евтиниот увоз домашните производители трпат загуби заради не реално ниските цени и не знаат каде ќе продадат производството.

–   Досега во оранжериите кај нас и кај останатите обрани се само 20 до 30% од родот. Ова производство треба да се бере до крајот на мај. Ние произведуваме со греење што е огромен трошок но за разлика од Албанија каде заради медитеранската клима не греат па имаат проблеми со габични заболувања и мораат многу често да прскаат со фунгициди ние со греењето имаме предност да не мора да прскаме со фунгициди и нашиот производ е многу поквалитетен. Но ако не се преземат мерки да ни се помогне да се избориме со увозот кој ни ги урива цените ќе завршат нашите квалитетни краставици на Дрисла а ќе ги трошиме албанските. Ова на пазарот што се случува е погубно за нас. За една недела увозот ја симна цената за 100% на 40 денари за килограм. Нашиот апел и молба до надлежните е да се седне на маса што побргу и итно да се најде некое решение за да не пропаднеме. Не бараме некакви заработки туку колку да ја преживееме кризава и да не бидеме на товар на државата со нашите вработени. Ова не е само мој став. Ние во текот на изминатава недела сме во контакт сите големи производители и сите апелираме за помош рече Славе Маков од оранжериите Агрона со производство во Штип и Кочани.

Оранжериите укажуваат дека во Струмица почнува по магацините да се трупа залиха од непродадени краставици, производ кој може само неколку дена да стои а во меѓувреме секој ден пристигнуваат нови количини и берби. Проблемот е уште посериозен ако се земе во предвид дека за 10 до 15 дена почнуваат и бербите на доматите каде состојбата ќе биде уште полоша.

-Апелот до надлежните е ако не може да се запре увозот барем построго да се контролира од фито санитарен аспект бидејќи знаме дека заради климатските услови и високата влага имаат поагресивна употреба на фунгициди . Во Албанија има хипер продукција која ќе не уништи ако не се преземат некакви заштитни мерки додава Наков.

Според податоците со кои располагаат за дневно и вкупно производство производителите тврдат дека имаат доволно за домашниот пазар бидејќи се главно ориентирани да произведуваат и вишоци наменети за извоз кој сега е се повеќе проблематичен заради отежнатото движење на камионите преку граница. Во целата состојба можат да помогнат и потрошувачите и домашните маркети. Оранжериите почнаа со означување на кутиите дека се работи за македонски производ со што може да се помогне ако се купуваат домашните поздрави краставици апелираат градинарите.

Во ставот на министерството за земјоделство за овој проблем кусо се вели:

Споредно со минатата година имаме намалување на увозот на краставици. Доколку се појави проблем Мзшв ќе реагира.

З.Б.

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close