Вести
Работилница за влијанието на климатските промени во сточарството
Работилница „Влијание на климатските промени“ организира денеска Институтот за сточарство – Скопје.
Целта на работилницата е актуелизирање на негативните ефекти од климатските промени врз домашните животни, зголемување на свеста на сточарските производители и промовирање адаптивни мерки на производство кон климатските промени.
Најавено е учество на професори од Факултетот, од Земјоделскиот институт, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и од Управата за хидрометеоролошки работи.