Зголемување на извозот на вино во шишиња е една од основните цели кон кои се стремат винарските визби во земјава. На тој начин се создава еден препознатлив бренд на македонско вино со врвен квалитет. Така од година во година од земјава на европските и светските пазари се зголемува процентот на извозот на вино во шишиња, а се намалува процентот на извоз на наливното вино.
Зелена Берза ви ги пренесува последните податоци за извоз добиени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според официјалната статистика, извозот на вино на светските пазари во 2015 година изнесува 586.046 хектолитри, со вкупна вредност од 38.183.172 евра.
2015
Извоз на вино во шишиња 199.044 вредност 19.878.237
Извоз на наливно вино 387.002 вредност 18.304.935
Извозот на вино во 2015 е помал во однос на 2014 година. Тоа, според надлежните институции, внарските визби и лозарите резултатат на двојно намалениот род во 2014 година( поради лошите временски услови) кои се одразија лошо во лозарството и винарството. Годинава пак во однос на 2015 се очекува многу поголем извоз како резултат на поголемиот откуп на грозјето од страна на винарските визби.
“Во однос на 2014 година, во 2015 година, количините се повеќе од двојно зголемени. Во 2014 -та имавме катастрофални резултати кои се одразија и на количините на родот. Во однос на тоа 2013 имавме близу 220 илјади тони, а во 2014 -та имавме 82 илјади тони , а во 2015 -та очекуваме 180 илјади тони. Родот е далеку подобар од 2014, а и квалитетот беше подобар“ изјави Љупчо Аризанов, претседател на Регионален сојуз Агротиквешија.
Европска Унија, бившите ЈУ простори, САД, Јапонија, Канада, Швајцарија , Кина, се дел од земјите каде винарските визби имаат реализирано извоз на македонско вино.
Во 2015 година,од страна на винарските визби откупот на црвено и бело грозје изнесувал 150.830.704 килограми, сопственена берба изнесувала 18.348.635 килограми или вкупно 169.179.339 килограми.
Во 2014 -та година пак откупот од страна на винарските визби изнесувал 82.480.914 килограми, 15.719.901 сопствена берба, или вкупно 98.200.815 килограми.