Рурален туризам

Раванија

Овој прекрасен ориентален десерт се подготвува низ целиот Балкан. За разлика од баклавите, тулумбите и слични парени специјалитети, раванијата е колач со лесен вкус што особено е популарен кај децата.

ravanija 5

 

Потребни состојки:

Колач

6 јајца

6 супени лажици шеќер

6 супени лажици гриз

6 лажици брашно

1 кесичка прашок за печиво

Шербет

3 шолји шеќер

3 шолји млеко

3 шолји вода

Подготовка:

  1. Изматете ги убаво јајцата и шеќерот.
  2. Сите останати состојки се додаваат со постојано мешање.
  3. Смесата се истура во замастено тавче на температура од 180 до 200°C, околу половина час (одозгора треба да добие убава светлокафеава коричка).
  4. Се остава да се излади.
  5. Од водата, шеќерот и млекото се вари шербет, што не треба да биде премногу густ.

Изладениот колач во тавата го расекуваме на парчиња и внимателно го прелеваме со топлиот шербет. Оставаме убаво да се излади.

Ravanija

Сервирање

По Дојрански обичај, се сервира парче раванија со две до три зелени смокви од слатко и топка млечен сладолед од ванила.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close