fbpx
Вести

Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст

Трошоците на животот во септември 2018 година,  во однос на претходниот месец,бележат намалување за 0,1 отсто, а цените на мало за 0,7 проценти.

Статистичките податоците покажуваат дека трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со септември лани забележан е пораст од 1,5 отсто, а цените на мало 2,6 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за два отсто, другите прехранбени производи за 0,8  отсто, трбушките за 0,7 отсто, сирењето и урдата за 0,5 отсто, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,4 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,3 отсто, брашното и другите жита, замрзнатиот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 16,2 отсто, услугите за сместување за 6,4 отсто, информатичката опрема за три отсто, парамедицинските услуги за 2,4 отсто, велосипедите, туристичките-пакет аранжмани за 1,9 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,2 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за  еден отсто, цврстите горива за

домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0,7 отсто, високото образование за 0,6 отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,5 отсто, материјалите за оджување и поправки на станот и големите електрични апарати за 0,2 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 7,4 отсто, замрзнатото овошје за 0,7 отсто, конзервираното овошје за 0,6 отсто, рибата и морските плодови за 0,5 отсто, млекото за 0,4 отсто, другите преработки од месо, алкохолните пијалаци за 0,3 отсто и оризот за 0,2 отсто.

Во септември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 2,8 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 2,6 отсто, гасот за домаќинствата за два отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,6 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0,6 отсто, мебелот за домаќинствата за 0,5 отсто, угостителските услуги за 0,4 осто, телефон и  телефакс-опремата, услугите за лична хигиена за 0,3 отсто, теписите и другите покривки за под, градините, растенијата и цвеќињата за 0,2 отсто.

 


 

kanal5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close