РЕЦЕПТ ЗА ЕДЕН УСПЕХ

(Oвој напис е објавен на: November 27, 2018)

Жан Мишел и Робер се пријатели уште пред да станат фармери. Бидејќи имаат исто производство и едни и исти цели тие решаваат да формираат : “Здружение за заедничка обработка на земјата.”

Патиштата на Жан Мишел и Робер се создадени за да се вкрстат. Тие се познаваат од мали, бидејќи нивните родители се фармери во едно мало село на департманот Финистер. Тие учат заедно и скоро во исто време започнуваат да се занимаваат со фармерство на 2 км оддалеченост еден од друг. И двајцата одгледуваат млечни крави и јуниња. Со Робер имаме и една иста цел и работиме на ист начин – кажал Жан Мишел. Пет години претходно помислиле за здружување.

Здружението се формира пет години по пензионирање на нивните родители. Најтрудно ни беше да ги убедиме нашите родители, бидејќи тука здружување надвор од семјството е невообичаено.

Двајцата пријатели, уште од самиот почеток ги прифатиле можностите за ризици од еден таков почеток, кај кои можат да се случат недоразбирања. Но, и двајцата се сложни: ние се избравме бидеќи со брат и сестра тоа е невозможно.

И така двајцата млади фармери ги здружуваат своите стада млечни крави, вкупно 70 на број и 100 ха земја. Млечните крави и телињата се чуваат во стопанството на Робер, бидеќи околу него се наоѓаат повеќе пасишта. Јуниците и јунињата за гоење се држат во стопанството на Жан Мишел. Тој избор е направен со оглед на намалувањето на потребните инвестиции за опремата на шталите согласно нивните европски норми.

ПРАВИЛА:  Сваќајќи дека пријателството и здружувањето се две различни работи, двајцата млади фармери сериозно расудуваат за работите во продолжение на цели 5 години. Тие ги разгледуваат сериозно технолошките и економските цели на секој, како лични мотивации за здружување.

Нашата мотивација беше иста: да не работиме повеќе сами, да имаме слободни денови за одмор, да можеме да одиме на одмор. Затоа ги напишавме црно на бело основните правила за нашето здружение. Така на пример пред седницата, едниот фармер не работи од сабота на пладне до понеделник на пладне.

Определена е улогата и одговорноста на секој. Решавањето е колективно. Робер одговара за утринското молзење и за хранење на кравите и телињата. Жан Мишел се грижи за јуниците и јунињата и за вечерното молзење. Полските работи се вршат од двајцата.

БИЛАНС: Двајцата содружници го подвлекуваат големото значење за постојаното општење, кое што дозволува работата да се одвива непречено макар ако се налага понекогаш едниот да е отсутен. Секое утро се прави како советување – така што секој знае каква работа го чека. Заедничката оцена на двајцата е дека сметката е позитивна. Целта на здружувањето не  е да се оркупни стопанството, туку  да се спечали време за личен и семеен живот, за учество во земјоделските синдикални организации. Во резултатот на нивната организација на работа секој добил по 10 слободни часа неделно. Освен тоа след ремонтот, шталите станале многу пофункционални и удобни. За да успее едно такво здружение, човек треба да ги почитува другиот, да биде толерантен и точен во својата работа. Ако тие тековни барања недостасуваат од самиот почеток, подобро е да не се започнува ништо – вели Робер.

Eqpace oust, No 510

Презентирал: Проф. Д-р. Борис Анакиев

 


 

faktor