fbpx
Вино

Рецепт за зимска сангрија

Наместо портокали и лимони, за да направите зимска Сангрија користете ги плодовите на студеното време – крушки, јаболка, калинки…

recept za zimska sangrija

 

Состојки:

  • 2 шишиња црвено вино со овошна арома
  • 2 мали јаболка, исечкани на коцки
  • 2 круши, исто така исечкани на коцки
  • 1 исчистена калинка
  • 1-сантиметар свеж корен од ѓумбир, ситно изрендан
  • 1 лажичка цимет
  • ½ шолја бренди или вотка (по желба)

sangrija

Подготовка:

Ако користите вотка или бренди, јаболката потопете ги неколку часа во алкохолот.

Ставете ги парчињата јаболка, круши, калинките и изренданиот ѓумбир во еден длабок сад или голем бокал, па преку нив додадете го циметот.

Додадете го виното во садот, лесно промешајте и оставете ја Сангријата да отстои 2-3 часа пред послужување.

Во чашите задолжително ставете стапчиња цимет и неколку парчиња од овошјето. Додадете лимон по желба.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close