„Гранд куве” на „Домен Лепово” светски шампион меѓу црвените вина

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Македонското вино „гранд куве” на винарницата „Домен Лепово” од бербата 2013 ја понесе титулата светски шампион во категоријата црвени суви вина на 58. меѓународен вински натпревар „Вино Љубљана 2016″.

grand kuve na domen lepovo svetski shampion megju crvenite vina

 

Ова вино е издвоено како светски шампион меѓу 412 вина од 21 земја што учествуваа на годинешната меѓународна винска смотра на најдобрите, која традиционално се одржува во Љубљана.

Виното „домен лепово гранд куве” (Domaine Lepovo Grand Cuve) претставува совршено балансирана купажа од три висококвалитетни сорти вранец, каберне совињон и мерло. Виното е креација на светски реномираниот вински мајстор Филип Камби и во секој поглед претставува моќно вино со уникатен карактер, се вели во соопштението до медиумите. Целокупниот процес на производство се одвива во винарницата „Домен Лепово“, која е во рамки на самиот посед каде што се лоцирани лозјата, со што е овозможена максимална контрола на квалитетот. За квалитетот на ова вино придонесува и неговото одлежување во исклучиво нови, најелитни (ICON) француски барик буриња во времетраење од 15 месеци. Виното е достапно во лимитирана серија од 20.000 шишиња.

Покрај „гранд куве”, „Домен Лепово“ во своето портфолио ги има и „шардоне” и „пино ноар”.

„Вино Љубљана” е вински натпревар што се одржува уште од 1955 година и спаѓа меѓу 10-те водечки светски вински натпревари. Годинешната селекција на најдобри вина ја направија 40 дегустатори од 14 земји, меѓу кои и од Македонија, според правилата на Меѓународната организација за вино (OIV) и Меѓународната асоцијација на енолози (UIE) од Париз, Франција. (