
Реисот Шаќир Фетаху позитивен на Ковид-19 – ИВЗ апелира: Честитки за Бајрам по телефон или социјални мрежи
– Во моментов сè е нормално и нема никакви проблеми ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација, напиша Фетаху.
Реисот имал контакт со позитивно лице а во Исламската заедница изминатиот период имало неколку лица кои биле заразени со Ковид 19.
Фетаху по преземањето на должноста поглавар упати порака граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, за разлика од неговиот претходник кој прогласи победа врз короната.
ИВЗ ја откажа главната прослава за Курбан Бајрам а за бајрамската молитва, верниците во џамиите мора да носат маска, дезинфекција на раце и секој да има свое сеџаде. Апел пред утрешниот празник упати и скопскиот муфтија кој побара честитките за Бајрам да бидат преку телефон или на социјалните мрежи.
-– Ние сме подготвени за утрешниот ден. И со одборите на џамиите и со имамите, ги анулиравме сите манифестации поврзани со Курбан Бајрам за што пократко да стоиме во џамаија и тоа само во времето додека се клања, 15 до 20 минути. Уште минатата недела преку џамиите, верниците ги упативме верскиот празник да го помнат во домашен амбиент, и да си честитаат преку телефон и преку социјалните мрежи. Верниците муслимани овој пат да бидат повнимателни за празникот Курбан Бајрам, изјави Кенан Исмаили, скопски муфтија.
И додека за продолжениот викенд има два празника, бројките покажуваат дека пандемијата со корона вирусот не стивнува. Изминатите 24 часа од 1325 терстирања позитивни на Ковид 19 се 119 лица. Починале 4 рица пациенти од кои тројца се од Скопје и еден од Гиостивар на возраст од 65 до 73 години.
Најмногу заразени од денешната статистика има во Скопје со 35 а на болничко лекување има 387 пациенти. Веднаш зад главниот град по број на активни случаи е Штип каде денеска се потврдени уште 17 позитивни на вирусот. Во градот под Исарот Ковид 19 влерзе во уште една фабрика а од почетокот на пандемијата досега заразено имало во 19 текстилни конфекции.
Извор:сител