fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Реколта 2021- тутунот се откупува за 190 денари, а не чини 217 во просек по килограм, реакција на тутунарот Игор Мирчески

Реакција на статусот на заменик миниситерот за земјоделие Трајан Димковски од Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунарски здруженија

Реакција на статусот на заменик миниситерот за земјоделие Трајан Димковски од Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунарски здруженија

 

Господине Димковски,

доста не убедувате дека тутунарите ниту знаат ниту разбираат нешто, ваше е да не послушате дека имаме голем проблем кој вие треба да го решите бидеќи за тоа сте и платени. Затоа ќе ви објаснам неколку едноставни, но логични работи. Покрај тоа што тутунарите знаат да произведуваат тутун, знаат да направат и споредба и есап: Па повелете прочитајте и вие споредете: Анализа за три години пред законот со кој се дозволи увоз на необработен тутун!!!

Реколта 2017 постигната просечна цена 215,6 денари. Производна цена 156.7 денари. Заработувачка по килограм 58,9 денари.

Реколта 2018 постигната просечна цена 214 денари. Производна цена 169,3 денари. Заработувачка по килограм 44,7 денари.

Реколта 2019 постигната просечна цена 220 денари. Производна цена 178,7 денари. Заработувачка 41.3 денари. ПОБАРУВАЧКАТА НА КОМПАНИИТЕ Е НАД 25 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ.

Анализа после донесување на законот за увоз на необработен тутун:

Реколта 2020 постигната просечна цена 159 денари. Производна цена 195,5 денари. Загуба по килограм 36,5 денари. Намалување на договореното производство на 23 милиони килограми.

Реколта 2021 просечна цена на половина предадено производство 190 денари. Производна цена 217 денари.

Според овие бројки тутунарите и во оваа реколта ќе го продадат родот по евтино од она што чини еден килограм произведен тутун. Намалување на договореното производство на 22 милиони килограми. Е ова се бројките  од вашите успешни политики почитуван Димковски. Нас не не манипулира опозицијата , револтот е од празниот стомак и сиромаштијата и од вашата неспособност да не заштитите. И затоа или свестете се  и почнете да работите за народот или колку побрзо заминете толку подобро за земјоделците. Со почит. Игор Мирчески

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close