![rekorden izvoz na hrana od makedonija vo 2015](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/rekorden-izvoz-na-hrana-od-makedonija-vo-2015.jpg)
Вести
Рекорден извоз на храна од Македонија во 2015
Добро познатиот квалитет и вкус на македонските прехранбени производи ги освојуваат светските пазари, потврда за тоа е извозот на храна кој годинава достигна рекордно ниво. Според податоците на Народната банка на Македонија извозот на храна во 2015 година достигна 305 милиони евра и е на највисоко ниво во последниве 10 години.
Споредено со 2005 година кога извозот бил само 135 милиони евра сега девизниот прилив од извоз на прехранбени производи е повеќе од двојно поголем. Податоците на Народната банка покажуваат дека пак на годишно ниво извозот на храна е зголемен за 12,7 милиони евра.