Решенија за менаџирање во земјоделството претставени од John Deere

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

Во време на постојана динамика и иновативност во сите сфери на работата и живеењето, покрај индустриските, технолошко-техничките и останатите достигнувања, воопшто не заостануваат и новините во сферата на земјоделството и обработката на почвата како дел од истото. Доказ за тоа е и концептот на таканареченото „Прецизно земјоделство“ кој своето постоење го темели на користењето на технологии како сателитско позиционирање, навигација, пресликување на терени и сл.

а

AMS (Agriculture Management Solutions) или во буквален превод „Решенија за менаџирање во земјоделството“, е токму таков систем претставен од John Deere, чија главна улога е пред се зголемување на ефикасноста и ефективноста при земјоделските операции и отстранување на пропустите при истите.

г

д

Без разлика дали се работи за орање, тањирање, сеење, косење, жнеење, ѓубрење или било која друга операција, или пак се работи за трактор , приклучна машина или комбајн, AMS системот овозможува:

  • Позиционирање и навигација
  • Повторување на прави и неправилни паралелни движења
  • Документација на податоци на теренот
  • Автоматизација

б

Во целост ја оптимизира работата во полето преку:

  • Намалување на трошоците за гориво, ѓубриво, работна сила
  • Намалување на прекумерното газење на земјата и растенијата
  • Намалување на преклопите и прескоците
  • Зголемување на удобноста на операторот и сл.

в

Можностите на овој систем се огромни и насекаде низ светот, нивното користење зема огромен замав. Целосно се интегрирани и можат да бидат надоградени по потреба за мноштво апликации од најмали земјоделски активности и активности на фармата, па се до работа во големите земјоделски комбинати.