И пчеларите влегоа во Националната програма за рурален развој

(Oвој напис е објавен на: February 8, 2017)

Вродија плод преговорите на пчеларите со ресорното министерство.  Во иднина пчеларите ќе може да ја користат Националната програма за рурален развој за набавка на опрема, сандуци и сл. Исто така има најава  за намалување на ДДВ – то при набавка на потребна опрема за пчеларење.

Набавка на пчеларски  машини, центрифуги и останата опрема потребна за пчеларење, пчеларите ќе може да набавуваат преку Националанта програма за рурален развој или позната кај земјоделците како програмата 50 : 50.  Прифатени се барањата  на пчеларите да може да ја користат оваа програма. На многу пчелари проблем им беа високите граници за парични средства во ИПАРД програмата, со кои требаа сами да учествуваат, што не е случај во Националната програма, изјавија од Сојузот на пчелари на Македонија.

02p4eli-e1435843963391-864x400_c

Од  Сојузот велат дека се во преговори за намалување на ДДВ- то при набавка на опрема за пчеларење исто како и кај останатата земјоделска опрема од 18% на 5%.

Што се однесува за работатата  на пчеларите во здружението Нектар од Битола, претседателот на Сојузот на пчелари на Македонијана информираше дека во тек е процедурата за пререгистрација  на Земјоделска задруга  така што сите заинтересирани пчелари може да дојдат во здружението да се информираат, со цел да може да се  искористат сите бенефити што ги нуди здружувањето.