fbpx
ВестиСоветиТоп вести

САДЕЊЕ НА ОВОШКИ

Садењето на овошките го вршиме во време на мирување на вегетацијата, наесен или напролет. Подобро е садењето да се изврши рано наесен или ако го вршиме напролет да биде што порано.

Време на садење

Садењето рано наесен има предност поради што, посадената садница има
поволни услови за зацврстување во земјата и обнова на оштетениот коренов систем,
земјата е сеуште топла и влажна, па одма почнува порастот на кореновиот систем, на
местото на оштетувањата на кореновиот систем, раните зарастуваат, се развиваат
калуси од кои се продолжува растот на нови коренчиња.
Покрај тоа, земјата се слегнува над коренот со што се воспоставува добра допирна
површина помеѓу честичките на почвата и површината на коренот, со што се ствараат
услови за интензивен раст на коренот напролет, кореновиот систем добро се развива и е
способен надземниот дел да го обезбедува со доволна количина на вода и хранливи
материи.
Поради сето наведено, засадените овошки наесен подобро се примаат и подобро
и побрзо растат во текот на првата година по садењето.
Раното пролетно садење подобро е од т.н. касно пролетно садење. Касното
пролетно садење има повеќе неповолни последици, пред сѐ , коренот не е припремен и
не се развива доволно и неможе надземниот дел да го снабди со потребните количини на
вода и хранливи материи, растот на надземниот дел почнува скоро во исто време како и
растот на коренот. Бидејќи коренот сеуште не е способен да го снабдува со вода и
хранливи материи надземниот дел, доаѓа до застој, успорување и слаб прираст на
младите садници во тек на пролетта и летото. Во тој случај, младите овошки во текот на
првата година после садењето не постигнуваат добра, а често и незадоволителна
развиеност.
Пролетното садење на овошките, а посебно касното, е посебно неповолно во
топлите јужни подрачја, особено поради нерамномерниот распоред на дождовите и
честото настапување на суша.
Пред садењето се врши припрема на теренот:
 ИЗБОР НА ПОЛОЖБАТА – експозиција, наклон, изложеност на ветрови,
 ЧИСТЕЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА ТЕРЕНОТ,
 АГРОХЕМИСКА АНАЛИЗА НА ПОЧВАТА,
 МЕЛИОРАТИВНО ЃУБРЕЊЕ – врз основа на анализата на почвата,
 РИГОЛОВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ
План на садењето. Одредување системот на одгледување, правец на редовите,
растојание, основни сорти, сорти опрашувачи, обележување на садните места;
Садење на овошките. На обележаните места, дупките за садење се копаат
непосредно пред садењето, близу до маркерите на садните места, секогаш од иста
страна на маркерот. Пречникот на дупката треба да е нешто поголем од пречникот на
2
коренот на садницата, коренот непречено да се смести во дупката и заземе што
поприродна положба.
Припрема на садниците. Се врши непосредно пред садењето. Се садат садници
од I-ва класа. Сите оштетени, неквалитетни и здраствено неисправни се отстрануваат. На
здравите садници се скратуваат основните корени на 15-20 см, оштетените и искинати
коренчиња се скратуваат до здраво место, при што пресекот треба да е прав, а не кос,
што помал, за зарастувањето да биде што поуспешно. Ситните коренчиња ако се здрави,
не треба да се скратуваат.
Начин на садење. Во ископаната дупка садниците се садат на приближно иста
длабочина на која биле во расадникот, со што спојното место (каде е калемена
садницата) да биде задолжително над земјата за околу 5-8 см.

Пред садењето, садниците се потопуваат во смеса – каша од свежа говедска
балега и земја во сооднос 1:1. На коренот од садницата се нафрла растресита умерено
влажна земја, рамномерно да го покрие коренот и лесно се растресува за да навлезе меѓу
коренчињата, при што лесно се нагазува со цел да се истисне воздухот и подобро да се
прилепи коренот. По покривање на целиот корен, се додава 10-20 кг прегорено арско
ѓубре, внимавајќи тоа да не биде во контакт со коренот. После тоа, ѓубрето се покрива со
земја, се нагазува и се прави чинија за задржување на влагата. Ако садењето е во пролет
задолжително се додава 10-20 литри вода. После тоа се става колче за придржување на
садницата во исправна положба и се прекратува садницата во висина, во зависност од
системот на одгледување.

Советодавец
Илија Дојчиноски
АПРЗ РЕ М. Брод

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close