вести

Само 14 мандри продаваат сирење со државен печат

Минимални стандарди во поглед на градбата и адаптацијата на објектите, опремата и хигиенски услови за производство, е потребно да исполнат производителите на овчо и козјо сирење за да се евидентираат во Регистарот на одобрени објекти и оператори со храна со традиционални карактеристики – велат во Агенцијата за храна. Одобрувањето е основа за продажба на безбедно овчо и козјо сирење со традиционални карактеристики. Во моментов има регистрирано само 14 мандри за производство, иако на терен има околу 60 мандри што произведуваат и продаваат сирење произведено на традиционален начин. Главна причина зошто не се регистрираат производителите е стравот од влегувањето во регистар, односно обврските што произлегуваат од тоа иако придобивките од регистрацијата се многу поголеми.

 

Во Агенцијата велат дека регистрираното производство значи гарантирање следливост на производот како основа за непречена трговија и извоз.

sirenje-krav-g

Евиденција, па продажба

Досега во Агенцијата се одобрени 14 мандри, а некои од нив имаат и извоз на традиционални производи. Според правилниците, производителите на традиционална храна можат да произведуваат пет типа производи меѓу кои е вклучено и суровото млеко и ќе може да ги пласираат преку директна продажба.

Фармерите опфатени со овој правилник треба да ги одржуваат чисти сите објекти поврзани со примарното производство, вклучувајќи ги и магацините, редовно да ги дезинфицираат на соодветен начин опремата, контејнерите, гајбите, но и возилата и другата опрема што се користи во производството. Во Правилникот е предвидено дека максималното количество пресно млеко што може да се преработи на ниво на фарма не треба да изнесува повеќе од 10.000 литри годишно или до 30 литри на ден. Исклучок е пресното млеко од овци, кое може во неограничени количества да се преработи на фарма.

samo 14 mandri prodavaat sirenje so drzhaven pechat

 

Лесна постапка

Заменик-директорот на Агенцијата за ветеринарство Абдулезел Догани вели дека Агенцијата за храна и ветеринарство обезбедува поддршка за сточарите што сакаат да се евидентираат како производители на овчо и козјо сирење со традиционални карактеристики, во поглед на давање информации за начинот на одобрување на фармите и нивно евидентирање, насоки за адаптирање на фармите и производствените капацитети, во поглед на исполнување на минималните условите за производство на безбеден производ со традиционални карактеристики.

mleko_sirenje1

– Процедурата за регистрација не е тешка, а условите што треба да ги исполнат сточарите во поглед на преадаптација на фармите и преработувачките капацитети се минимални, исто како и трошоците за регистрација – изјави неодамна Догани.

Традиционалните производители на овчо и козјо сирење во мандрите се контролирани од Агенцијата за храна и ветеринарство и тоа од аспект на контрола на безбедноста на храната за животни, здравствената заштита на животните и безбедноста на млекото од фармите како суровина за производство на млечни преработки.

886893071

Селски јајца и мед се продаваат од фарма

Пресно млеко, козјо и овчо сирење, селски јајца или мед се дел од производите што земјоделците може слободно да го продаваат од дома, во специјализирани продавници или во маркетите. Услов е само производителот да се регистрира во Агенцијата за храна и да има декларација со минимални податоци за потеклото и гаранција дека се исполнети соодветните хигиенски услови за производство. Земјоделците на фармите дневно може да продадат 10 килограми риба од сопствениот рибник или еден тон мед годишно. Ако производот е расиплив, треба да се обезбедат посебни услови за чување како разладни уреди и витрини.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close