Шароле е најзначајна товна раса во Франција. Колонж ан Шароле (фр. Collonge-en-Charollais) е населба и општина во источниот дел на централна Франција, во регионот Бургоња. По број во земјата се наоѓа на четвртото место, со учество од 11%. Тоа се одгледува на големи површини во Франција, каде што климата е полуконтинентална, каде има плодна земја и богати пасишта на трева. Оваа раса е доста честа појава во Европа.
Шароле говедата се големи и тешки. Тие имаат кратка и широка глава со темни очи и рогови, а мускулен и релативно краток врат, долг и длабок труп со добро заоблени ребра. Коските се релативно тешки. Висината на кравите е 138-140 см, а на биковите 145-147 см. Обемот на градите на крава е 235 см, а на бик 255 см. Ширината на градите на крава е 64 см, а на бик и 73 см. Телесната тежина на крава во приплодна состојба е 820 кг, а на бик 1100 кг. Тежина на гојна крава во просек е 1000кг, а на бик 1300 кг.
Од 100 крави се отелуваат во просек по 80. Бременоста и сервисниот период траат 370 дена. Кравите се чуваат во приплод просечно 7 години и за тоа време во отелуваат во просек 4,7 телињата. За тов можи да се држи до постара возраст, а квалитетот на трупот при тоа да не се вложи. Рандманот е 63%. Негативната карактеристика на шароле – говедата е тоа што голем дел од отпаѓаат на коски и труп. Месото е со поголема мекост во однос на другите раси. Кожата е средно дебела и има светло кафеава боја што овозможува извесна заштита од сончевите зраци, а бојата на влакната е еднобојна, бела или крем. Оваа раса одлично толерира топлина.
Просечна годишна млечност на кравите е 2600 литри млеко, односно за време на лактација 10 литри млеко дневно. Телињата цицаат млеко 4 месеци, а потоа млекото се користи за консумација – исхрана на луѓето.
Во споредба со другите раси, шароле постигнува најголема телесна маса на соодветната возраст и држи рекордот со 870 килограми за 400 дена. Грбното масно ткиво е само 3 мм. Понекогаш се јавува тешко телење, затоа што често се отелуваат крупни телињата.
Шароле расата е многу прилагодлива, но главно наменета за рамничарски предели. Одлична раса за паша. Поради истражените товни способности и квалитетот на месото, биковите на шароле расата се користат за индустриско крстосување со млечни и комбинирани раси крави (најчесто со сименталци), поради зголемување на месото.
Заклучокот е дека ова е типично товна говедска раса, чие месо е со одличен квалитет.
Мирјана Милинг
Советник во АПРЗ РЕ Демир Хисар