fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

СДСМ: Со Оперативниот план обезбедени дополнителни 4,6 милиони евра

Обезбебедени се нови 284,9 милиони денари или над 4,6 милиони евра за нови 1.216 вработувања, кои ќе бидат реализирани преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување.

Со овој чекор значително ќе се зајакне пристапот до активните политики за пазарот на труд, особено за нискоквалификувани невработени лица и лица од ранливи категории.

Обезбедени се средства за имплементација на новата пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор за 300 невработени лица во висина од 73.8 милиони денари, како и над 15 милиони денари за мерката вработување и раст на правни субјекти за 127 нови вработувања.

36.9 милиони денари од вкупно предвидените средства се наменети за Програма 1, поточно за поддршка за самовработување (претприемништво) за дополнителни 115 самовработувања; над 135 милиони денари за мерката субвенционирање на плати со што дополнително ќе бидат опфатени 674 невработени лица.

Овие измени и дополнувања во Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување обезбедуваат вработување на нови 1.216 невработени лица.

Во 2021 со Оперативниот план се опфатија околу 12.000 невработени лица, преку 8 видови на програми.
До ноември се реализирани 85% од Оперативниот план за 2021 година.
Сето ова е со цел дополнително намалување на стапката на невработеност која сега изнесува 15,9 отсто со тенденција на намалување.
СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи продолжува активно и посветено да спроведува мерки и политики кои го подобруваат квалитетот на животот на сите граѓани, велат од СДСМ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close