fbpx
Вести

Се бара бостан од семка

Зелените пазари во овој период се преполни со овошје и зеленчук. Меѓу нив доминира бостанот, кој најчесто доаѓа од струмичко-валандовскиот регион. Во моментот, се продава по цена од 10 денари за килограм.

se bara bostan od semka

Но, кога е во прашање изборот на лубениците и дињите, често пати се случува муштериите да останат незадоволни, затоа што она што го купиле или е зелено, или пак воопшто не одговара на она што го добиле како ветување од страна на продавачите.

Ова се случува поради тоа што во почетокот на сезоната, на пазарот најчесто се нудат лубеници калемени на други подлоги наместо да се расадуваат од семки.

Оној, вистинскиот бостан, го има ретко, и тоа на нивите во општина Карбинци, каде што сè уште го засадуваат неколкумина земјоделци.

Оние пробирливите, веќе се научиле да го купуваат, иако се продава по цена од 15 денари за килограм.

Порано, бостанот го имаше насекаде. Денес, мошне ретко, го садат само најупорните, како семејството на Петрови од Карбинци. Годинава го имаат на еден декар и ова производство е резултат на дождовите кои паднаа пролетоска. Доколку заврнеше, родот ќе беше поголем за 10 пати.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close