вести

Се чистат сливовите на Црна Река

Во Пелагонискиот регион почна чистењето на сливовите на реката Црна. Станува збор за зафат за зголемување на пропусната способност на постоечката каналска мрежа, преку отстранување на вегетацијата и акумулираниот нанос, како и за реконструкција на оштетените делови.

se chistat slivovite na crna reka

 

Општината информира дека оваа интервенција е во рамки на Програмата на ЕУ за санација на штетите од поплавите и напорите за обезбедување на соодветна заштита од штетното дејство на поплавите на земјоделските површини и населените места во Пелагонија.

– Со средствата од ЕУ ќе бидат исчистени околу 40 километри канали по сливот на Црна Река во Пелагонија. Со овие интервенции, во голема мера ќе се надминат ефектите од повеќедецениското неодржување на инфраструктурата за заштита од поплавите, која дополнително се оштетува од сè почестите поплави, а најмногу од оние кои се случија на почетокот на 2015 година, соопшти општината.

Најголеми штети во пелагонискиот регион претрпеа општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани и Крушево, во кои беа загрозени домовите на околу 15 илјади лица, а беа поплавени десетици илјади хектари земја.

Програмата на Европската унија ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство во Секретаријатот за европски интеграции, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина, „Водостопанство“ и локалните самоуправи во погодените општини.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close