fbpx
ВестиТоп вести

Се’ е подготвено за откупот на тутунот

Се е подготвено за откупот на тутунот од годинашнава реколта. Заверени се и подигнати мострите, а деветте откупувачи во земјава имаат банкарски гаранции дека ќе го платат откупениот род и може уште утре да почнат со откуп, вели Кире Неделковски, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Сојузот во Скопје го одржа последниот состанок со тутунските здруженија пред почетокот на откупната кампања.

Годинава родот е помал, но е далеку поквалитетен и Неделковски очекува да се постигне повисока цена.

„Поради сушата и проблемите при расадувањето на тутунот пролетта, родот годинава е помал, но е многу квалитетен. Очекуваме род од 22 000 тони, а откупувачите во земјава имаат планирано да откупат 26 000 тони. Тоа значи дека ќе има побарувачка за тутунот и тутунарите треба да постигнат повисоки цени“ – вели Неделковски.

Од Прилепскиот тутунски комбинат потврдуваат дека се подготвени за почетокот на откупот на тутунот и пунктовите ќе ги отворат на 16 ноември.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close