Се одржа третата регионална работилница за консолидација на земјоделско земјиште
Расцепканоста на земјишните парцели е проблем за македонскито аграр за да биде конкурентен на европские пазари. Земјоделците имаа ограничен обем на производство со зголемени транспортни производствени трошоци. Затоа треба да се размислува на окрупнување на земјишните парцели, посочи министерот за земјоделство, Љупчо Николовски на третата регионална работилница која се одржа во Струмица.
Земјоделците ја поздравуваат идејата за окрупнување, но се песимисти дека тоа може да се реализира на терен заради разнишаната доверба меѓу земјоделците за што бараат поддршка од надлежните.
Само со големи земјоделски парцели македонскиот аграр ќе биде конкурентен. Доколку се одлучат инволвираните ке добијат поддршка во делот на инфраструктурата и наводнувањето на парцелите.
Земјоделците од југоистокот вчера се информираа за принципите и постапките на окрупнување на земјоделското земјиште. Во наредниот период ќе се мапиираат области за окрупнување на земјиштето и интересот на земјоделците процес кој е на доброволна база.
На третата регионална работилница што се одржа во Струмица, во Дом на АРМ, присутен беше и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Следува уште една ваква работилница, на 14. ноември, вторник, во Штип.