fbpx
Вести

Се подобрува откупот на лубениците, субвенциите помагаат

lubenici

Откупот на бостанот за кој Владата обезбеди дополнителни два денара субвенции се подобрува. На сите откупни центри се даваат кантарни белешки и се води целосна евиденција.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, стабилизација на цената се очекува по 15 јули кога количините лубеници на пазарот ќе се намалат.

– Бев на терен. Навистина имаме сериозен проблем со бостанот поради производството во околните земји, особено во Србија. Затоа веднаш, по сите средби со производителите и откупувачите, на итна владина седница ја донесовме Одлуката за дополнителна субвенција од два денара по килограм продадени лубеници кај регистрирани преработувачи од 3 до 15 јули, кога и количините за пласман се најголеми. Земјоделците укажаа дека токму овој период, од 3 до 15 јули ќе биде најкритичен и дека се очекува стабилизација на цената дури потоа зашто понудата ќе се намали, вели Николовски.

Субвенцијата се однесува за откупна цена до максимум четири денари, но услов е и производството да не биде поголемо од 50.000 килограми по хектар што, секако, нагласува министерот, е максимум кој може да се достигне.

– Оваа мерка е по предлог на двете страни, производителите и откупувачите. Им понудивме и субвенционирање по хектар кое можевме 100-процентно да го зголемиме, но ваквата опција не беше прифатена. Затоа ја одбравме мерката дополнителни два денара, како што побараа производителите, а се согласија и откупувачите, потенцира Николовски.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close