Се појави ГМО компир: Еве како да го препознаете!
Магазинот Real Farmacy открива дека Simplot создаде нов генетски модифициран компир чија главна цел е да го намали ризикот од рак за 75% доколку се пржи како помфрит, со тоа што ќе има повеќе хранливи состојки, но овој „подвиг“ во најмала рака е сомнителен со оглед на лошата историја со ГМО храната која агро гигантите во САД ја преполнуваат со штетни пестициди.
Новиот ГМО компир долги години бил тестиран во лабораторија за да се докаже дека е корисен и нема никакви штетни последици врз здравјето на луѓето па затоа агенциите за храна во САД ќе дадат одобрување да се произведува и продава. Прогнозите се дека ГМО компирот ќе доминира во понудата на синџирите за брза исхрана и во големите маркети за храна.
Противниците на ГМО сметаат дека одлуката е избрзана и дека се потребни повеќе истражувања за влијанието врз самата животна средина и здравјето на луѓето, па затоа препорачуваат да се внимава со неговото користење.
ГМО компирот наводно ќе произведува 75% помалку канцерогени материи кои се создаваат за време на пржење и ќе бидат „отпорни“ на оксидирање кое се појавува после лупењето на компирот. Ќе има помалку „модрици“ на себе но и понатаму останува свеж.