Се покачи цената на тутунот – започнаа кражбите на балиња

(Oвој напис е објавен на: February 7, 2017)

Две кражби на тутун се случиле деновиве во прилепско

Како што ни потврдија од СВР Битола, во ПС Прилеп било пријавено дека на 13-ти овој месец од двор во Прилеп биле украдени 25 балиња со тутун кои стоеле обесени на жица и тутунарот ги подготвувал за откуп. Вториот случај пак се случил на 15-ти овој месец.

Tobacco Museum Prilep

Непознати крадци влегле во откупниот пункт на Алијанса од Кавадарци во с.Браилово. Од магацинот украле 55 картони, односно 852 килограми тутун. Штетата засега не е голема, но во услови кога откупната просечна цена е 183 денари, велат тутуанрите можно е крадците се почесто да посегаат по кражби на тутун.

Од СВР Битола велат дека работат на расветлувањето на двете кражби.