fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Сеидбата на ориз е во завршна фаза

 

Кочани е град претпознатлив по производството на оризова арпа од која се добива бел ориз како бренд надалеку познат  во светот по својот квалитет. Од оваа земјоделска култура опстојуваат 3 500 земјоделски семејства во Кочанскиот регион.

„Во моментов, сидбата на оризот е во завршна фаза и опфака  површина од околу 3200 хектари. Од годинешната жетва се очекува да се добие вкупно производство на оризова арпа од 16.398 тони. Откупот на оризова арпа и бел ориз се одвива непречено и моментално за разлика од минатите години, просечната откупна цена бележи значителен пораст и се движи од 25-30 ден/кг оризова арпа и од 50-65 ден/кг за бел ориз  во зависност од тоа дали се работи за крупни или ситни сорти. Политиката на субвенционирање со одвојувањето на оризот од останатите житни култури, ја вракаат оваа култура на нивото од пред дваесетина години кога беше главна земјоделска култура и препознатлив бренд за Кочанскиот регион“ изјави министерот Димковски при неговата посета во Кочани.

Министерот Димковски изјави дека за непречено и квалитетно производство на ориз, потребно е стабилно наводнување на земјоделските површини. За таа цел, во 2020 година, на подрачјето на делување на Брегалница Кочани, исчистени се земјени и бетонски канали, речни корита за што е користена постоечката механизација. Во овој период машински се исчистени 150 километри земјени канали, 20 километри бетонски канали, исчистено е речното корито на река Брегалница во должина од 2,5 километри. Рачно се исчистени 50 километри главни и споредни бетонски канали за наводнување. Министерот Димковски и градоначалникот Илијев извршија увид и констатираа дека водата за наводнување на оризовите површини пуштена е секаде, но поради сушниот период од почетокот на годинава, потребно е рационално користење со цел успешно завршување на сезоната.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close