вестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Селмaн Керимоски од Канатларци – Се гордеам што сум земјоделец  ама не знам каква ќе биде иднината

Има една изрека која вели дека „ризикот прави капитал“. Во денешно време да се води едно земјоделско стопанство и да се  носат одлуки воопшто не е лесно. За да може  ризикот да донесе капитал треба да процени вистинското  време, кога  да се направат вистински потези. Ризикот на Селмaни Керимоски го доведе до нов John Deere.

 

„Обработувам 10 ха земја со еден трактор Тафе, ама ми беше потребно нешто поголемо. Како марка што нуди квалитет Џон Дирот од порано многу го сакав,  и сега Господ помогна,  зедовме трактор John Deere. 70 % е платен другото е на една година. Ми понудија поволни услови во Синпекс“.  Ова се зборовите кои со голема радост и возбуда ни ги кажа Селман Керимоски од с. Канатларци кога го запрашавме зошто токму го одбра овој трактор.

Желбата да има трактор кој одамна го посакувал му стана реалност, но покрај поволните услови што Синпекс му ги понуди претходно следуваше многу работа која ќе овозможи нормален живот на фамилијата и се разбира вложување во нова механизација.

– Предрасудите за градски и селски живот одамна ги нема. Ги имаме сите услови за живот, ама затоа пак сите работиме од најмал до најголем. Ако не работиме нема тоа да го имаме, вели за Зелена берза Селман Керимоски.

Пченка пченица и тутун се културите што ги одгледува со неговото семејство, а тука е и стадото овци од над 400 глави овци. Работа колку сакаш, но кога сите членови од семејството се вклучени во работите и секој си ја знае својата работа, тогаш успехот е видлив. Сточарството е специфична дејност, а ниската цена на јагнето и корона кризата само ги продлабочи маките, вели Селман.

-Сето она што ќе го произведиме од пченка и пченица  не го продаваме туку го користиме за храна за овците. Некогаш  не стигнува таа количина па дополнително прикупуваме храна. Потребно ми е дополнително земјиште за да можеме да произведуваме повеќе храна за овците, објаснува Селман.

Корона кризата ја почувствувал  со лошата цена на јагнињата и неможност за пласман. Околу Велигденските празници цената на јагнето била 110 ден и вели дека ризикувал и одлучил да ги расти и да чека подобра цена.

-Неизвесноста беше голема , ризикував, но бериќат се исплатеше. Успеав да продадам 300 јагниња по цена од 125 ден . Цената   пак  е ниска ама со килажата  успеавме нешто да заработиме. Имавме дополнителни трошоци за храна ама ризикот се исплати и остана нешто и за нас. Оставивме 100 женски јагниња за приплод. Стадото сега брои над 500 но се надеваме дека со субвенциониорањето и поддршката од Владата ќе успееме да ги покриеме трошоците  што ги направивме, објаснува Селман.

За млекото воопшто не се грижи, бидејќи има пласман. Соработува со битолската млекарница Лакталис и за сега задоволен е од цената и условите што таа му ги нуди. Периодот додека стигне тутунот млекото  го прават сирење, но кога ќе почнат со активностите со него , млекото го предаваат во Лакталис.

-Штом излези тутунот млекото го оставаме. Не може со двете работи да се стигне. Со цената сме задоволни, за нас и 50 ден и 60 ден да  е цената на млекото  ќе ни биде малку. Но квалитетот си го прави своето и носи повисока цена, рече Селман.

Се гордеам што сум земјоделец  ама не знам каква ќе биде иднината. Во моментов сум пресреќен и не знам што да кажам. Со насмевка не поздрави и замина да ја  сподели својата радост со семејството и роднините.

Павлина Јовановска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close