Сензори за пораки кога кравата ќе добие породилни болки
Истражувачите на млеко во Универзитетот на Њу Хемпшир деновиве порелаксирано ја следат состојбата на стелните крави со помош на новите сензори закачени на опашките на кравите што праќаат текстуални пораки кога кравата ќе добие породилни болки.
“Му-повик” ги следи шемите на движење на опашката на кравата предизвикани од контракциите.
Во просек, сензорите праќаат порака или е-пошта до истражувачите околу еден час пред да отели кравата.
Технологијата за “Му-повик” беше дизајнирана во Ирска и почна комерцијално да се користи лани.
Компанијата вели дека Универзитетот на Кентаки исто така ја користи оваа технологија.
Докторантката Кајла Арагона вели дека сензорите се од голема помош на фармата каде годишно се раѓаат околу 70 телиња.
Меѓутоа, сензорот не е 100 проценти отпорен на се.
Една незадоволна крава почнала да ја трие опашката од се и сешто и го удрила сензорот од ѕид што резултирало со праќање лажен аларм за тревога.