fbpx
Вести

Сертифицирана семенска пченица за повисоки приноси

Иако сушата не дозволува сеидбата да почне навреме и квалитетно, земјоделците се подготвуваат за есенската сеидба. За добивање на повисоки приноси, експертите препорачуваат да се користи сертифициран семенски материјал. Домашно производство на семенска пченица има, но сепак не се кориси доволно.

Неизвесен е стартот на есенската сеидба на житата. Сушата и временските услови не дозволуваат да почнат подготовките иако оптималните рокови течат.

Доколку времето не се смени подолг период и се оддолжи стартот на сеидбата, за нејзино успешно завршување агрономите порачуваат употреба на поголеми количества на семе поради опасноста да не поникне секое зрно.

На некои површини, проблем е и со какво семе се сее, бидејќи наместо за сеидба најчесто се употребува меркантилна односно обичната пченица за исхрана.

Причината, се правдаат фармерите, е ниската откупна цена на родот наспроти скапиот семенски материјал.

Домашно производство на сертифицирано семе за житните култури е многу мало, околу 5.000 до 6.000 тони, а потребите за 100.000 хектари, колку што се сеат во Македонија се скоро 20.000 тони, кои треба да се увезат.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close