fbpx
Рурален туризам

Шар Планина

Шар Планина или скратено Шара — една од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Шар Планина се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток – запад – југозапад во должина од 76 км. Шарпланинското било е благо наведнато, заокружено, добар дел рамно, а понекаде и слегнато.

20090516115233

Гледано од рамнината, Шар Планина има изглед на питома, лесно браносана планина, со средна висина. Меѓутоа, сепак, таа е релативно висока планина, која освен со чудесните богатства кои ги поседува, таа привлекува и со грамадноста на својата маса. Општиот изглед на Шара најсилно е изразен од југоисточната страна, каде што над тетовската котлина планината се издига до релативна височина од 2125 м. Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2.748 м. Таа припаѓа на областа која е наречена токму по неа – Шарската област.

Најпознати врвови на Шара се: Титов Врв (2748 м), Мал Турчин (2702 м), Бакрдан (2700 м), Љуботен (2499 м), Ливадица (2491 м), Пирибег (2524 м), Езерца (2604 м), Чаушица (2640 м), Бистрица (2540 м), Црн Врв (2580 м), Вртоп (2555 м), Кобилица (2526 м) и други.

001

Шара е богата со вода, а тоа го потврдуваат 27 планински езера, 100 поголеми извори, изворишта над 25 поголеми планински реки. На Шар Планина има огромен број на извори. Најзначајни се изворите на тетовска Пена, а најатрактивни се изворите на Камењанска Река кои сочинуваат систем од 8 извори, а целата широчина на извориштето изнесува 28 м, кои се наоѓаат на надморска височина од 2100 м. Сепак, најпрочуен и најсилен и изворот на реката Вардар – Вруток. (700 м н.в. и 50 м ширина).

Најпознат и најголем водопад е тој на Беловишка Река кој има пад од 43 м. Втор е водопадот кај Лешница со пад од 25 м во близина на Титов врв.

Map_MKLarge(Macedonia)

Боговињското езеро, кое се наоѓа во близина на врвот Бориславец е најголемото езеро, лежи на 1936 м.н.в. има ширина од 225 м, должина од 452,5 м., длабочина од 4,5 м, а при намален водостој, длабочината се намалува до 2,2 м. Се наоѓа во пределот наречен Мала Смрека. Езерото добива вода од неколку извори. Има кривулести и рамни брегови, а лежи во карпест базен. Второ е Црното езеро, се наоѓа на 2.122 м н.в.  долго е 248, а широко 185 м. Се наоѓа во карпест базен, со ниски и проодни брегови и мирни линии, со исклучок на северниот дел. Ова езеро е подлабоко и од Боговинското. Трето е Караниколичко езеро или познато и како Голем Ѓол. Toa е едно од поизразитите езера на Шара, и се наоѓа на караниколскиот простор на н.в. од 2.180 м. долго е 290, широко 115, а длабоко 5,5 м.

Најпопуларниот зимски ски-центар во Макеоднија се наоѓа на планината Шара, на македонската страна на 1780м.н.в. На 35км од главниот град Скопје. Ски центарот Попова Шапка нуди одлична ски средина и хотелско сместување. Скијачкиот центар до сега бил домаќин на две европски и балкански ски првенства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close