fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Што сè собираат граѓаните во шумите

Од ЈП„Национални шуми“ велат дека годишно издаваат од 800 до 1.000 дозволи за собирање на други шумски производи. Дозволата чини 400 денари.

Печурки, полжави, боровинки, шумски јагоди, капини, билки, собираат граѓаните во шумите, по што истите ги продаваат во откупните пунктови.

Од ЈП„Национални шуми“ велат дека годишно издаваат од 800 до 1.000 дозволи за собирање на други шумски производи. Дозволата чини 400 денари. Но, сметаат дека бројот на собирачи реално е поголем, затоа што има и луѓе кои собираат плодови во шумите без да извадат дозвола. Користејќи ги благодетите на природата, луѓето можат добро да заработат.  Откупувачите велат дека со собирањето на плодови се занимаваат цели семејства. Дали ќе има интерес и исплатливост за собирање на шумски плодови, зависи од временските услови и родот.

„За десетина дена ќе почнe собирањето на печурки. Имавме топло време, а сега имаме и дождови, така што се очекува дека ќе има добар род на печурки. Луѓето кои си ја знаат работата собираат повеќе видови печурки. Собираaт и боровинки, капини, многу билки. Една добра плата може да се извади од оваа работа, а претежно собирачи се луѓето во средни години“, вели Веле Ивановски, откупувач од Битола.

Емилија Пехчевска од Берово објаснува дека во Малешевијата природата изобилува со шумски плодови, но собирачи има сѐ помалку поради миграцијата.

„Интересот за собирање на шумски плодови е намален. Се намалува населението, се намалува и бројот на собирачи затоа што нема млади луѓе. Во Малешевијата има капини, диви јагоди, боровинки, дренки. Ние сме собирачи, но и откупуваме шумски плодови затоа што ни требаат количини кои сами не можеме да ги собереме“, рече Емилија Пехчевска, собирач и преработувач на шумски плодови.

Кемал Дурмишов, откупувач на билки и печурки вели дека земјава е богата со билки, но младите не сакаат да собираат.

„Може да се каже дека Македонија е богата со билки. Сега мечкиното грозје има добра цена од 150 денари за килограм. Има собирачи, но тоа не е  доволно. Младите не сакаат да собираат, треба да пешачат во шумите со километри и за нив тоа е тешко. Колку ќе заработат зависи од цената  и од тоа колкави количини ќе соберат“, додава тој. 

Од шумските плодови многу семејства во Берово прават сокови, џемови, слатко, и ги продаваат. Минатата година беше бериќетна за печуркарите. Имаше богат род каков што немало за период од 40 години. Шумите беа преполни со печурки, и многу луѓе за прв пат се вклучија во нивно собирање  со цел да заработат некој денар плус.https://faktor.mk/pechurki-borovinki-bilki-shto-se-sobiraat-gragjanite-vo-shumite

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close