fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Швајцарско истражување покажало дека првите европски земјоделци потекнуваат од Македонија

Луѓето што се населиле на брегот на Охридското Езеро пред околу 7 000 години, веројатно, се првите земјоделци во Европа.

Според Универзитот во Берн, наколните населби на Алпите и на Балканот се единствените остатоци од населби од неолитска доба и се со одлично зачуван органски материјал. Наодите од Охридското Езеро се особено интересни затоа што таа област игра клучна географска улога во проширувањето на земјоделството

Луѓето што се населиле на брегот на Охридското Езеро пред околу 7 000 години, веројатно, се првите земјоделци во Европа. До ваков заклучок дошле научници од Универзитетот во Берн кои спровеле дендрохонолошки истражувања на остатоците од наколните населби на брегот на најстарото езеро во Европа.

Археолошките локалитети под вода, какви што се остатоците од темелите на наколната населба во Охридското Езеро во заливот Плоча Миќов Град, се дар од Бога за науката, велат научниците, бидејќи вкупно 800 дрвени колци не биле изложени на кислород илјадници години и не се оштетени од габи или бактерии. Тие се особено погодни за дендрохронолошки истражувања, постапка за точно одредување на староста на колците преку нивните годови. Во комбинација со датирање со радиојаглерод, староста на дрвото може точно да се одреди – а со тоа и времето во кое населбите се подигнати. Научниците велат дека овој метод првпат бил искористен надвор од Алпскиот регион.

Било утврдено дека изградбата на населбата во заливот Плоча Миќов Град се одвивала во различни фази и тоа траело со милениуми – а не, како што се претпоставуваше досега, во периодот околу 1000 година пр.н.е.

Изградбата на населбата на брегот на Охридското Езеро се одвивала од неолитското време (средината на 5 милениум пр.н.е.) до бронзеното време (2 милениум пр.н.е.). Покрај тоа, според археолошкиот тим, „извонредната густина“ на населбата е доказ за интензивна градежна активност со текот на времето, а објектите, до одреден степен, биле градени еден врз друг.https://360stepeni.mk/shvajtsarsko-istrazhuvane-pokazhalo-deka-prvite-evropski-zemjodeltsi-poteknuvaat-od-makedonija/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close