fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сигурноста на парите во македонските банки: Прагот за осигурување на депозитите ќе се зголемува?

По одлуката на Уставниот суд, надлежните се под притисок за ефикасни промени, а една од опциите е зголемување на прагот на осигурените депозити, кој е тројно понизок од оној во ЕУ.

Јавноста збунета, штедачите во грч, банките во небрано. Што ќе се случува и какви законски промени треба да се донесат по одлуката на Уставниот суд кој укина член од законот за банки со кој Фондот за осигурување на депозити го изгуби приоритетот во исплатата од стечајната маса доколку некоја банка пропадне? Фондот има обврска за исплата на штедните влогови до 30.000 евра која е гарантирана со закон, но со укинувањето на членот 163 став 3 од Законот за банки сега го нема ексклузивитетот прв да ги повлече парите од стечајната маса, односно ќе мора да чека во ред со сите други доверители.

Законски измени

Ваквата одлука на уставните судии под плаштот на заштита човековите права на штедачите отвори многу дилеми и создаде правен вакуум кој експресно ќе треба да се премости со законски измени. По налог на Владата тие веќе се подготвуваат во Министерството за финансии. Фокусот на промените треба да биде заштита на јавниот интерес, но како тие ќе изгледаат и на чиј грб ќе паднат, засега е неизвесно.

„Се работи на решение откако се создаде правен вакуум. Но она што треба да се види е во која законска регулатива ќе се интервенира, бидејќи постојат повеќе кои ја регулираат оваа област. Дали само во делот на законот за банки или и во законот за осигурување на депозити. Ќе се консултираат засегнатите страни и во еден инклузивен процес ќе се донесе соодветен предлог кој ќе се достави до Владата и ќе се објави во јавноста. Поконкретно од ова во оваа фаза не можеме да откриеме ништо, бидејќи во тек се широки консултации“, велат за Дојче веле од министерството за финансии. https://www.dw.com/mk/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD-%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%87%D0%B8/a-57697205?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close