fbpx
Вести

Силното невреме поплави куќи и уништи род со тутун и жито во долненско

Силно невреме проследено со грмотевици, пороен дожд и град во средата околу 20 часот ја зафати општина Долнени. За кусо време невремето поплави куќи, а градот уништи површини со тутун и жито.

silnoto nevreme poplavi kukji i unishti rod so tutun i zhito vo dolnensko

 

Според Центарот за управување со кризи од Прилеп и градоначалоникот на Долнени, Боше Милошески, најпогодени се селата Лажани каде беа поплавени 10-ина куќи и селото Кошино.

– Беше многу тешко. Силниот дожд ги поплави куќите. Месното население со свои пумпи и Противпожарната единица од Прилеп до раните утрински часови ја испумпуваа водата од домовите на жителите. Освен тоа, градот уништи површини со тутун и жито во селата Лажани и Кошино. Се уште не знаеме каква е ситуацијата во другите села. Комисија од рано изутрината е на теренот да ги утврди штетите, вели градоначалникот на Долнени, Боше Милошески.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека силното невреме предизвика поплави, но и прекин на електричната енергија.

– Беа поплавени дестина куќи во селото Лажани. Најпогодена беше една продавница во селото која речиси целосно беше под вода. Поради силните грмотевици, 80 отсто од целата општина Долнени остана без напојување со електрична енергија, вели Илко Петкоски од Центарот за управување со кризи од Прилеп.

Во текот на вчерашниот ден на терен се утврдуваа последиците од силното невреме.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close