fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Симпозиум „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“

Целта е да се поттикне развојот на руралните области преку подобрување на заедничкиот истражувачки капацитет и размена на знаење применето во производство на „тероар“ вино и сајдер во избрани области на Словенија, Хрватска, С. Македонија и Норвешка

Симпозиум на тема „Споделување на најдобрите практики за лозарството и за потенцијалот на македонскиот тероар“, ќе се одржи денеска во просториите на М6 Едукативен центар во органзиација на винарската визба „Тиквеш“

Симпозиумот што може да се следи и онлајн се организира во рамки на тригодишниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“.

Целта е да се поттикне развојот на руралните области преку подобрување на заедничкиот истражувачки капацитет и размена на знаење применето во производство на „тероар“ вино и сајдер во избрани области на Словенија, Хрватска, С. Македонија и Норвешка

Проектот е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка (EEA and Norway Grants Fund for Regional Cooperation).

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close