вести

Системите „капка по капка“ се уште недоволно искористени од земјоделците

Мал број на земјоделци од истокот ќе ги почувствуваат бенефитите од капковниот систем за наводнување. Интересот за искористување на можностите за зголемување на приносите со овој систем за наводнување е сеуште слаб кај фармерите.

sistemite kapka po kapka se ushte nedovolno iskoristeni od zemjodelcite

 

Во штипската Агенција за поттик и развој на земјоделството, за кофинансирање на средства од програмата за рурален развој се пријавиле само четири земјоделци.

Капковниот систем за наводнување е поекономичен и обезбедува поголеми приноси, заштеда на вода и ѓубре.

Земјоделците вклучени во проектот „Да произведуваме повеќе пченка”, трикратно ги зголемија приносите со овие системи, а ја намалија потрошувачката на вода од 30 до 60 проценти.

Од ова година стартуваше проект за поставување на системите „капка по капка” на опитни полиња со ориз во кочанско. Просечните приноси кај оризот се движат од пет до шест тони по хектар, а во октомвриската жетва на овие полиња се очекуваат рекордни приноси.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close