Ски центри, автопати, Клинички и други инвестиции од 8 милијарди евра планира Владата до 2027 година
Ски центри на Попова Шапка и Царев Врв, маркети „Лидл’ , фотонапонска електрана во Штип, автопати, Клинички центар, но и капацитети за преработка на отпад, пречистителни станици и други инвестиции најави премиерот Зоран Заев, претставувајќи го Интервентниот план за 2021-2027.
Инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра предвидува Владата со Интервентниот план за инвестиции (ИПИ) 2021-2027. Ски центри на Попова Шапка и Царев Врв, маркети „Лидл’ , фотонапонска електрана во Штип, автопати, Клинички центар, но и капацитети за преработка на отпад, пречистителни станици и други инвестиции најави премиерот Зоран Заев, претставувајќи го Интервентниот план за 2021-2027.
Планот содржи јавни и приватни инвестиции кои се во согласност со стратегиите за економски раст на земјата. Од овие средства 5 милијарди и 791 милиони евра се јавни инвестиции, а 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани приватни инвестиции. Реализацијата на инвестиции е во согласност со деловните планови на инвеститорите односно буџетската рамка на Владата на Република Македонија.
На прес-конференција на која беше претставен Интервентниот план присуствуваа и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Бесими, министер за финансии, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски и Крешник Бектеши, министер за економија.https://novatv.mk/ski-tsentri-avtopati-klinichki-i-drugi-investitsii-od-8-milijardi-evra-planira-vladata-do-2027-godina/