fbpx
ВестиЕкологијаМакедонија

Отворена скијачката сезона на Пониква

По долгооочекуваните врнежи од снег што паднаа во изминатите неколку дена и добрата подготвеност на ски-патеките, од денеска и официјално е отворена скијачката сезона на Пониква.

Од денеска и официјално е отворена скијачката сезона на Пониква.Во функција се двата ски-лифта, што пред почетокот на сезоната беа целосно реконструирани, а отворени се и сите угостителски капацитети и одморалиштето на МВР за сместување на гостите.

– Нашите вработени веќе ги санираа оштетувањата на ски-патеката број 1 што беа направени со возила од страна на несовесни граѓани. Снегот е со дебелина од петнаесетина сантиметри, што е доволно за љубителите на скијањето. Во зависност дали се почетници или во напредна категорија, можат да ја користат и патеката број 3 која е одлично подготвена, а функционира и ски-лифтот, истакна Благој Манев, управител на фирмата концесионер.

За сместување на гостите во текот на продолжениот празничен викенд на Пониква се нудат и дел од стотината приватни викендички, а на располагање им стојат и околу 200 легла во неколкуте угостителски објекти.https://kanal5.com.mk/otvorena-skijachkata-sezona-na-ponikva/a455596

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close