fbpx
Вести

Слаба искористеност на европските пари за рурален развој

slaba iskoristenost na evropskite pari za ruralen razvoj

Земјоделците ќе можат да аплицираат за средства од ИПАРД 2 програмата со готови проекти, а кои ќе можат да ги подигнат бесплатно од подрачните единици на Министерството за земјоделство.

На располагање имаат 27 типски проекти за изградба на сточарски фарми, подигнување на овошни и лозови насади, за изградба на мандри и силоси. Бирократските процедури се една од причините за слабата искристеност на првиот програмски фонд, поради што од Министерството за надеваат дека готовите проекти ќе им го олеснат пристапот на земјоделците до европските пари.
И покрај неповратните средства, фондови и субвенции, се уште увозот на храна е речиси двојно поголем од извозот. Според последните податоци на државната статистика, до ноември минатата година во Македонија се увезени храна и живи животни во вредност од 500 милиони евра, а извезени 210 милиони евра помалку.
Според министерот потребен е подолг рок за ефектите од инвестициите во земјоделството да станат видливи .
Со ИПАРД 1 програмата на Македонија и беа на располагање 85 милиони евра неповратни средства, од кои беа инвестирани само 30 отсто. Поради слабата искористеност, со втората програма Македонија доби на располагање 60 милиони евра.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close