Истражувањето на хрватската европарламентарка Билјана Борзан, кое треба да докаже дека ист производ е со различен состав во различни земји, почнува од следниот месец. Од кабинетот на европарламентарката велат дека анкетата е готова и во моментов се сумираат резултатите од неа. Анкетата беше спроведена во јуни меѓу хрватските потрошувачи. Следниот месец ќе се знае кои ќе бидат осумнаесетте производи што ги избраа хрватските граѓани и кои ќе бидат испитувани. Предвидени се 25.
Веќе се знае дека лабораториски испитувања ќе се прават на овошниот јогурт од јагода на „Данон”, маргаринот „рама”, „киндер-јајцето”, сосот за тестенини „барила”, инстант-кафето „јакобс”, „пепси-колата” и „спрајтот”. Борзан вели дека кога ќе почне истражувањето на храната, се планира уште една анкета за се вклучат и детергенти, шампони и други средства за лична хигиена кои треба да докажат дека различен производ не е со ист квалитет во Хрватска, односно и другите земји од регионов и Европската Унија. Според неа, одбрани се производи кои најмногу се консумираат во Хрватска, но се од иста или слична марка како производите што беа вклучени во чешкото истражување кое покажа дека не се јадат секаде исти производи.
На 16 ноември официјално ќе објавиме кои производите ќе се испитуваат и како планираме да тече процесот понатаму вели Борзан.
Производите ќе се тестираат лабораториски со анализи на состојки и ќе се прави споредба на добиените резултати со декларациите. Ќе се споредуваат и декларациите на исти производи во различни држави. Покрај составот, ќе се анализираат и цената и фактот колку составот влијае на нејзината висина. Трошоците за истражување ќе ги преземе Европскиот парламент.
Истражувањето кое во 2011 година го спроведе словачката агенција за потрошувачи веќе покажа дека производите што се продаваат на полиците на старите и новите земји-членки на ЕУ имаат значителни разлики во квалитетот и во цената. Европската комисија го кофинансира истражувањето, но ги игнорира неговите резултати.
Студијата покажа дека 14 од 24 производи не само што се разликуваат по квалитет туку се и поскапи кај новите членки на ЕУ.
Секоја фаза на истражувањето ќе биде во консултација со јавноста и производителите така што нема да се загрози транспарентноста на процесот. Приоритет за решавање е проблемот во реалниот пазар и дискриминацијата со кои нашите граѓани се соочуваат секој ден изјавуваше Борзан кога го најави истражувањето.