
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Следува променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд
Во понеделник попладне на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 20 л/м2), појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч). Во понеделник попладне на планините ќе има услови врнежите да преминат во снег.