fbpx
ВестиСовети

Снегот ја чува пченицата од мраз, а топењето обезбедува влажност

„После топењето на снегот, потребно е да се направи обиколка на полето под пченица, заради проверка на бројноста на штетните глодари и доколку е потребно да се изврши нивно сузбивање со готови мамци“, советува Горан Дробњак, експерт за стрни жита.

Пченицата е една од многу застапените растителни врсти во регионот на Срем. Жителите навикнале во структурата на сеидбата секогаш да има лебно зрно, затоа што велат тоа се првите пари кои доаѓаат од земјоделството. Тоа посебно го тврдат оние кои не се занимаваат со градинарство и производство на бостан. Токму поради тоа, многу од нив, лебното жито минатата година го сееле и надвор од оптималниот рок, што не била препорака од експертите.

Пченицата се наоѓа во различни фази од развојот, од фаза 1-2 листа, па до фазата на целосно бокорење. Никнувањето на голем дел површини било доцна, слабо и нееднакво, поради недостаток од дожд, после сеидбата. После топењето на снегот и зголемувањето на температурите, ќе имаме јасна слика за густината на посевите. Кај културите кои касно никнале не можеме да очекуваме високи приноси, затоа што кај нив ќе се појави ефектот кој се јавува при сеидба надвор од оптималниот рок. На ретките посеви, во продолжение на вегетацијата, може да се очекува и проблем со силен развој на плевел“, вели Горан Дробњак, експерт за стрни жита.

После топењето на снегот сузбијте ги глодарите

Снегот кој моментално се наоѓа на полињата е добродојден, затоа што претставува заштита за пченицата од ниските температури изминатите денови. Со неговото топење ќе се зголеми залихата на влага во земјиштето, што ќе им одговара и на пченицата, но и на пролетните култури.

„После топењето на снегот, треба да се обиколи полето под пченица, поради проверка на бројот на штетни глодари и доколку е потребно да се изврши нивно сузбивање со готови мамци. Мамците се ставаат во дупки, кои потребно е после тоа да се затрупаат. Ова се прави, со цел да е спречи, труење на птици и дивеч, но и да се олесни утврдувањето на нови штети при следните прегледи, додава Дробњак.

Анализа на содржината на азот

Деновиве ќе се започне и со земање на примероци од почвата на содржината на азот, што претставува основа за правилно одредување на количината на ѓубрива за прихранување. Препорака на земјоделците е да ја направат оваа анализа, затоа што на тој начин, можат да постигнат добри приноси, да ги намалат трошоците и да ја заштитат животната средина.

„Со оглед на тоа што азотот е хранлив елемент, кој доминантно влијае на висината на приносот, многу е важно, правилно да се одреди количината на азотни ѓубрива, која ќе се примени. Познато е колку лошо влијание на приносот, има слабата обезбеденост на растенијата со азот, како и неговиот недостаток. За време на одредувањето на количината на азотни ѓубрива кои треба да се применат, најважна улога имаат резултатите од анализата на почвата по N –минметодата. Дури после резултатите со содржина на леснодостапен азот во земјиштето, можеме да ја одредиме количината која им недостасува на растенијата за правилен раст и развој“, вели Снежана Мушицки од лабораторијата ПСС Рума.

За разлика од земањето примерок и анализа на земјиштето за плодност, кое се врши на секои четири или пет години, земањето примерок за N-минметодата се врши секоја година. Времето на земање на примероци, по правило е непосредно пред периодот кога сакаме да ја дознаеме содржината на леснодостапен азот. Доколку се прави анализа за:

  • Пченица – примероци се земаат во периодот февруари – март
  • Шеќерна репка – трета декада на февруари и прва декада на март
  • Пченка – втора и трета декада на март

Интересот на земјоделците за ваквите анализи, секоја година е се поголем и поголем, а анализите покрај сите бенефити придонесуваат и за заштеда во вложувањата, затоа што вештачките ѓубрива не се евтини, а многу се скапи ако нивната примена не е потребна и може лошо да влијае на состојбата на одгледуваните култури.

 

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close