вести

Co акции од 127 македонски компании ќе се тргува на регионална берза

Акции на „Алкалоид”, „Адинг”, „Агроплод”, „Бетон”, „Европа”, Комерцијална банка, Стопанска банка Битола или акции на 127 компании од Македонија ќе се тргуваат на заедничката регионална платформа за тргување, на која, освен од Македонија, има акции од бугарски и хрватски фирми.

Всушност, 387 хартии од вредност ќе бидат на располагање за тргување.

so akcii od 127 makedonski kompanii kje se trguva na regionalna berza

 

Освен 127 од Македонија или акции кои се котирани на Македонската берза, може да се тргува и со 109 акции издадени од бугарски фирми и 151 хартија од вредност котирани на Загрепската берза. Платформата е веќе формирана, a најверојатно ќе биде оперативна, односно ќе почне да функционира на крајот на првото тримесечје оваа година. Веќе е формирано и заедничко друштво „СЕЕ линк”, кое има седиште во Скопје. Со ова се овозможува акции во наши компании да може да купат инвеститори од Бугарија и од Хрватска, но и наши инвеститори да вложуваат во тамошни компании. Целта на овој проект, кој е поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), беше да се креира регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на овие три пазари.

Според последните информации, кон платформата се приклучуваат и српски и словенски издавачи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close