fbpx
ВестиТоп вести

Со Автохони сорти на грозје до врвни вина

Дали Македонија има автохтони сорти на грозје? Колку автохтоните сорти на грозје во Македонија се генетски испитувани? Колку нашите експерти имаат работено на селектирање на автохтоните сорти за добивање на поквалитетен род? Ова се дел од прашањата за кои е речиси невозможно да се добие соодветен одговор бидејќи речиси никој не се занимава со подетални истражувања кои барем делимично може да дадат одговор.

Секоја година кај нас се заменуваат стотици хектари стари лозови насади со нови и секоја година сме сведоци на нови сорти на грозје кои до пред 5-10 години и речиси не биле карактеристични за нашето поднебје. Ваквиот тренд доведува до изгинување на сорти кои се автохтони и кои се карактеристични за одредена област или град.

Доколку пак од друга страна прошетаме по дворовите и застарените лозови насади низ државава ќе сретнеме многу сорти на винова лоза кои речиси неможе да се најдат ни во учебниците на нашите факултети кои се занимаваат со изучување на оваа проблематика.

При крај е засадувањето на последите површини со нови насади за оваа година и во ниту еден од расадниците со кои стаивме во контакт освен новите сорти за автохтоните сорти како и да се нема слушнато.

Единствена сорта за која со сигурност знаеме дека се садела и пред неколку века е Станушината или како што една наша винарија ја нарекува „Македонското Девојче“. Станушината најмногу може да се најде во атарот на селата Бегниште и Ресава како кои се наоѓаат во близина на градот Кавадарци како и во атарот на самиот град. Нејзината застапеност е многу мала и на расцепкани парцели. Лозовите насади се прилично остарени и се заканува истребување на оваа сорта за помалку од една деценија. Оваа сорта е многу отпорна на суша и дава доста квалитетен принос без потреба од наводнување. Шеќерноста е на средно ниво со што е погодна за за производство на вино со висок квалитет и средна јачина. Погодна е за производство на на Црвени и Розе вина.

Самиот недостаток е што никој не работел ниту работи во моментот на нејзина селекција и гроздовите се шарени од комплетно црвени зрна до комплетно зелени зрна кои никогаш нема да узреат.

Картошијата е уште една автохтона сорта на грозје која е карактеристична и за други држави на балканот. Се предпоставува дека оваа сорта била садена уште во античко време кога виното се чувало во амфори. Од нејзиното укрстување и селекција е добиен вранецот кои во доцните години на дваесетиот век речиси ја исчисти Картошијата од нашите лозја. Картошијата е една од највкусните вински сорти на грозје и содржи високо ниво на шеќери. Успева на средно плодни почви и дава среден принос. Од неа се добиваат Црвени вина со високо ниво на алкохол. Точната застапеност на картошијата во републикава е непозната и според кажувањата на лозарите оваа сорта е останата на лозови насади постари од 50 години кои едвај преживуваат и преживелае само поради ниската откупна цена на грозјето и неможноста на лозарите да ги обноват сопствените насади.

Иако смедеревката е една од најзастапените сорти во македонија поради ниската одкупна цена нејзиното исчезнување е на повидок. Балканска сорта за која србите велат дека потекнува од нивните простори која е премногу слатка на вкус но сепак со средно ниво на шеќернот. Успева на средно плодни почви и од неа се добиваат бели и неутрални вина кои како јавна тајна е дека нашите винарии ги користат за основа на многу дуги вина.

Во листата на автохтони сорти од македонија и јужниот дел на балканот има уште многу други како: Белан, Прокупец (Застапен најмногу во србија), Жилавка и уште многу други сорти за кои сопствениците ги именуваат со црно и бело и местото од каде што ги набавиле прачките. Сите овие сорти доколку се работи на нивна селекција даваат висок квалитет на вино со оргинален вкус и ароми препознатлив во целиот свет.

Во Македонија речиси и да непости винарија освен Попова Кула која вложува во производстово на вина од автохтони сорти на грозје и крајот на овие сорти е повеќе од извесен. Под знак прашање е и дали за една деценија од сега ќе можеме да вкусиме од вината произвендени од овие сорти.

Дали малите домашни винарии можат да помогнат во зачувување на овие сорти е повеќе од јасно но донесувањето на закон кој ги регулира истите се одолговлекува и речиси е нејасно дали некогаш ќе се донесе бидејќи по сеизгледа на некој не му одговара ваков закон.

Поразговаравме со неколку домашни производители на производи од грозје како што се вино, ракија, маџун, оцет, сокови, џемови и слатка и кај нив е се позабележително незадоволството на одолговлекување на донесување на законот за вино кој треба да го регулира нивното производство и да добијат можност на светот да им ги покажат вината направени од овие сорти на грозје. Засега овие вина произведени од автохтони сорти се пијат во домашни услови најмногу од нивните производители, нивните роднини, пријатели и соседи.

Нашиот соговорник Ѓоре Захарчев од фамилиарната винарија Захарчев има желба да ги обнови и прошири своите лозови насади исклучиво со автохтони сорти кои едвај се среќаваат усклучиво во Тиквешијата и од кои се добиваат врвни и ексклузивни вина но без соодветно регулирање и соодветна законска регулатива која ќе ги поттикне малите семејни винарии оваа желба нема да добије сопствена реализација.

 

 

Ѓоре Захарчев

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close