fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Со европски проект, овците ќе се следат со џи-пи-ес чипови да не одат во туѓ имот

Вели Моме Младеновски, претседател на земјоделската задруга „Еко овчеполка“

Добивме проект од ЕУ за машинско молзење на овците, кај автохтоната овчеполска праменка, вели Моме Младеновски, претседател на земјоделската задруга „Еко овчеполка“.

-Добивме и проект за дигитален менаџмент на овчарство, најмодерна технологија, со кој преку џи-пи-ес чипови, ќе се одбележуваат лидери на овците кои го водат стадото. Така ќе го пратиме стадото каде е, ќе управувуваме со пасиштата, ако мине линија овцата ќе свири, значи влегла во туѓ имот. Така ќе го спасиме македонското овчарство, ќе го унапредиме, модернизираме, ќе го вратиме животот во селата. Тоа е нашата визија на модерен овчар. Целосна модернизација на молзењето. Да создадеме одржлив систем со технологија, иновации, да ги задржиме младите со новините од времето во кое живееме, да останат тука да живеат. За 33 години самостојна држава, загубивме два милиона овци, извезувавме милион јагниња, а сега се симнавме на 200.000“, вели Моме Младеновски, претседател на земјоделската задруга „Еко овчеполка“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close