fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Со финансиска поддршка од „KfW“ ќе се градат новите системи за наводнување „Лисиче“, „Страиште“, „Пепелиште“ и „Конско“

Заеднички со финансиска поддршка од „KfW“ започнати се подготвителните активности за реализација на уште четири проекти за изградба на новите системи за наводнување „Лисиче“, „Страиште“, „Пепелиште“ и „Конско“.

Ја продолжуваме успешната соработка со германската развојна банка „KfW“ за финанирање на капитални проекти за развој на водостопанската инфрастурктура. На дененешниот работен состанок со делегацијата на „KfW“, разговаравме за успешната реализација на втората фаза од системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар со кој веќе се наводнуваат нови 2.150 хектари во валандовскиот регион.
Заеднички со финансиска поддршка од „KfW“ започнати се подготвителните активности за реализација на уште четири проекти за изградба на новите системи за наводнување „Лисиче“, „Страиште“, „Пепелиште“ и „Конско“.
Преку ефикасно управување и инвестирање во водостопанската инфраструктура, овозможуваме доволни количини на вода за пиење за наводнување на земјоделските површини, објави министерот Љупчо Николовски на ФБ.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close