fbpx
ВестиТоп вести

СО ПРИРОДНИ СРЕДСТВА ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД МУВИТЕ ВО ДОМОВИТЕ И ШТАЛИТЕ

Мувите се досадни, но пренесуваат и причинители на многу болести. За да се ослободиме од нив, можеме да користиме и природни средства.

Летото е сезона кога мувите најмногу ни досадуваат. Освен тоа што се здодевни, тие пренесуваат и многу заразни болести, посетуваат депонии, отпадна храна и многу лесно можат нашата храна да ја контаминираат со предизвикувачи на заразни болести. Во борбата против мувите можат да ни помогнат многу природни средства.

Женките полагаат до 2000 јајца

Домашните муви во својот живот поминуваат низ четири развојни фази: јајце, ларви, кукли и возрасни инсекти.

Возрасната женка, живее околу еден месец, а во текот на својот живот полага од 500 до 2000 јајца. На секои 3 до 4 дена, женката полага јајца во групи до 150 парчиња. За оваа цел, избира влажни места, каде што постои храна за ларвите кои ќе излезат. Уште после еден ден се појавуваат младите ларви, чиј што развој трае од 5 до 15 дена, зависно од условите. После завршувањето на развојот, ларвите се повлекуваат на суво место, каде што се развиваат до појава на возрасен инсект, за потоа целиот циклус да се повтори.

Природни средства кои ги бркаат мувите

Мувите ги привлекува отпадот, посебно фрлените остатоци од храна, поради што кантата за ѓубре треба да биде чиста и затворена. Најдобро е, после секое фрлање на ѓубрето, кантата да се измие, а потоа да се исплакни и со вода во која е додадена јаболкова киселина. Мувите не сакаат мирис на киселина, па поради тоа и помалку ќе долетуваат.

Мирисот игра голема улога во привлекувањето на мувите, но и во нивното одбивање. Мирисот на етерични масла не е привлечен за мувите. Како репеленти, најчесто се користат етеричните масла на лаванда, мента, еукалиптус, цитронел, каранфилче.

На памучни тупферчиња, можеме да ги накапиме неколку капки од некое етерично масло, а мирисот ќе делува на мувите.

Исто така, во сад може да се стават до 15 каранфилчиња, а тие со својот мирис ќе го спречат влегувањето на мирисот во просторијата. Во сад, може да се капнат и неколку капки масло од каранфилче, што е уште поефикасно во борбата против мувите. За да се зголеми нивното дејство, каранфилчињата можат да се закачат во половина лимон.

Мувите не сакаат ниту предмети кои светкаат или рефлектираат светлина. Како ефикасна заштита против муви, се покажала постапката, кога во најлонска ќеса ќе се стават 2 до 3 монети и ќе се тури вода. Вака подготвените ќеси се оставаат да висат на влезот или низ дворот. Мувите нема да влезат, доколку пред вратата и прозорците, висат вакви ќеси.

Лепливи ленти, можеме да направиме и сами. Потребно е да зовриеме шеќер и вода до состојба на густ сируп, а потоа со смесата да се премачкаат хартиените или платнени траки.

Стапици, можеме да направиме и од пластични шишиња. На гориот дел од шишето се прават мали отвори низ кои мувите можат да влезат во шишето, но неможат да излезат. Во шишето, турете раствор од детергент за садови, шеќер и јаболкова киселина во размер 1:3:1 или сладок раствор од џем и вода со малку шеќер.

Мувите не сакаат ниту мирис на лук. Со преполовената главица лук потребно е да се истријат рамките на прозорците или вратите. Овој метод, најмногу се користи за просториите каде што се чуваат животните.

Јаболковата киселина, со својот мирис ги брка мувите подалеку од просторот во кој се чуваат садови со киселина.

Друг начин, кој може да го примените за да ги избркате мувите, е доколку во кокосово масло додадете 20 до 30 капки масло од цитронел и добро измешате. Ова масло се дели во мали садови кои се оставаат отворени, а се поставуваат по еден сад во секоја просторија.

Растенија кои со својот мирис ги бркаат мувите

Уште  во минатото, луѓето ги користеле растенија за да се заштитат од инсектите. Во борбата против мувите се користат: здравец, босилек, лаванда, мента, копар, домати.

Овие растенија може да се одгледуваат во дворовите и на терасите, а посебно декоративни се црешовидните домати (познати како cherry домати), кои покрај тоа што ќе не заштитат и ќе не наградат со своите плодови.

Слични написи

Back to top button
Close