fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Со средства од Програмата за рурален развој, граѓаните на неколку села за прв пат добијa канализациона мрежа и реконструирани селски чешми

Со средства од Програмата за рурален развој, граѓаните на неколку села за прв пат добијa канализациона мрежа и реконструирани селски чешми

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој , Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, денеска направија увид на двата проекти кои се реализирани со средства од Програмата за Рурален развој. Градоначалникот Крстев, се заблагодари за добиениот грант и истакна дека на овој начин се подобруваат условите за живот во овие населени места.

„Наша приоритена цел е граѓаните на овие населени места да добијат квалитетни услови за живот во селата. Со средствата од Агенцијата за финансиска поддршка, реализиравме два проекти и тоа: Реконструиравме стари селски чешми и партерно ги уредивме. Исто така со овие пари за прв пат село Бања доби канализациона мрежа што е од витално значење за жителите на оваа населено место.“ – истакна градоначалникот Крстев.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бабовски, истакна дека преку двата проекти во овој дел од државава се инвестираат близу 18 милиони денари.

„Преку проектот кој денеска го посетивме обезбедивме
вода за селата Стераци, Спанчево, Бања и Соколарци. Додека преку „Изградба на фекална канализација во селото Бања“овозможивме над 300 жители на оваа село за прв пат да добијат канализација со што ќе им го подобриме квалитетот на живот, а позитивно ќе влијаеме и на заштита на животната средина.“- истакна Бабовски

Бабовски истакна дека средствата се неповратен грант, општината треба само да го плати ДДВ – то.

Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија поточно од Програмата за рурален развој. Со помош на овие средства се овозмува рамномерен развој на целата држава и еднакви квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Слични написи

Back to top button
Close