Co увезувањето лозови калеми понекогаш добиваме и болести
Треба многу да се внимава и да се обезбедуваат лозови калеми со гарантиран и проверен квалитет, вели универзитетскиот професор Ристо Вучков
Co увезување лозови калеми понекогаш увезуваме и болести, предупредува професорот Ристо Вучков од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип. Последиците од тоа, според него, се манифестираат кај грозјето, дури и пред неговата берба.
Еска ги демне лозјата
Во кавадаречко-неготинскиот регион има нова болест, тоа е еска или апоплексија кај виновата лоза. Тоа може да се забележи како колабирање на одделни чокоти кои за многу кусо време, сосе родот, овенуваат и се исушуваат. Еска се појавува како резултат на присуство на патоген кој е предизвикан од одредени фактори. На пример суша, температурни амплитуди или несоодветната исхрана при која најмногу се греши. Ако оваа година во насадот имало една или две лози, по три или четири, години гледаме десет или дваесет такви лози појаснува професорот.
Тој вели дека болеста се појавила пред неколку години, a се пренесува и преку одделни калеми, кои, за жал, ги увезуваме.
Таквата болест ја насадуваме во нашите насади како болест што во догледно време ќе се проширува, болест што е увезена од одделни такви неквалитетни садни материјали и наоѓа место во лозјата на производителите на грозје. Затоа треба многу да се внимава и да се обезбедуваат лозови калеми со гарантиран и проверен квалитет. He велам дека сите увезени калеми се лоши, но некои од нив носат и вируси и патогени, дециден е Вучков.
Да се следи летот на гроздовите молци
Факт е вели дека оваа година имаме и релативно заштитено грозје. Но во одредени случаи и кај одредени производители има неквалитетна заштита од гроздовите молци, кои сега причинуваат штета на зрното, во фазата на зреењето. Тие оштетување што го прават гроздовите молци со последните врнежи може да бидат кобни за грозјето.
– Во кавадаречкиот регион гроздовиот молец секоја година зема данок и тоа со големи штети. Особено кај трпезните сорти грозја кои треба да се пакуваат. Мора да се разбере дека следењето има добри резултати кај сузбивањето на молците кои ја предизвикуваат болеста.
Целата оваа работа во регионот, нагласува тој, мора редовно стратешки да се следи од компетентни и стручни лица кои ќе даваат препораки кога да се изврши третирање на лозјата со соодветни препарати. Само така ќе се има фантастичен успех во сузбивањето и контролата на гроздовите молци.
Тој предупредува дека во последните неколку години во лозарството, па и во овоштарството, има хлоротични зони поради што е потребна агрохемиска анализа на почвата за да се види што содржи таа, па да се знае дали нешто треба да и се додаде и што е тоа.
– Единствено, со смислен пристап и додавање на оние хранливи материи што недостигаат во почвата можеме да имаме еден хармоничен однос во исхраната на растенијата вели тој и додава дека ако се додаде соодветна храна во потребниот дел, со систем капка по капка, ситуацијата може да се контролира.